Политика за приватност и заштита на лични податоци
Како ги собираме, користиме и штитиме вашите лични податоци на платформата imashchoek.mk.
Цел
Оваа Политика за приватност и заштита на лични податоци го регулира собирањето, обработката и чувањето на лични податоци од страна на Имаш Чоек, со седиште во Скопје, Република Северна Македонија, во својство на контролор на лични податоци, во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020; 294/2021 и 101/2025).
Целта на оваа политика е да се обезбеди транспарентност кон субјектите на податоци, вклучувајќи ги корисниците кои бараат услуги, професионалците кои нудат услуги, компаниите кои објавуваат огласи за работа и посетителите на веб-сајтот, во однос на категориите на собрани податоци, правната основа за обработка, целта на обработката и правата кои ги имаат согласно важечкото законодавство.
Користењето на услугите на imashchoek.mk подразбира дека Корисникот ги прифаќа и се согласува со одредбите на оваа Политика.
Дефиниции
i. Платформа. "Платформа" значи веб-страницата на imashchoek.mk (www.imashchoek.mk) и сите поврзани мобилни и/или веб апликации, системи и услуги управувани од Имаш Чоек.
ii. Корисник. "Корисник" значи секое физичко или правно лице кое ја користи платформата, вклучувајќи ги корисниците кои бараат услуги, професионалците и компаниите.
iii. Професионалец. "Професионалец" значи секое физичко лице кое ја користи платформата за да понуди професионални услуги.
iv. Компанија. "Компанија" значи правно лице кое ги користи услугите на Платформата за објавување на огласи за работа и/или регрутирање на кандидати.
v. Лични податоци. "Лични податоци" значи секоја информација која се однесува на идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува ("субјект на податоци"), како што е дефинирано со Законот за заштита на личните податоци.
vi. Обработка. "Обработка" значи секоја операција или збир на операции кои се вршат на личните податоци или на збир на лични податоци, без разлика дали тоа се врши со автоматски средства, како што се собирање, снимање, организација, структурирање, складирање, прилагодување или промена, пребарување, консултација, користење, откривање преку пренос, ширење или на друг начин овозможување, усогласување или комбинација, ограничување, бришење или уништување.
vii. Контролор. "Контролор" значи физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други, ги одредува целите и средствата за обработка на лични податоци.
viii. Обработувач. "Обработувач" значи физичко или правно лице, јавен орган, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
ix. Согласност. "Согласност" на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислено изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
x. Нарушување на безбедност на личните податоци. Секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат.
xi. Надзорен орган. Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, која го претставува надлежниот надзорен орган основан во Република Северна Македонија.
xii. Закон за заштита на личните податоци. Важечкиот Закон за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Македонија бр. 42/2020; 294/2021 и 101/2025) и сите последователни промени и дополнувања.
Информации за контролорот
Контролорот одговорен за собирањето и обработката на личните податоци преку платформата е:
Назив: Имаш Чоек
Адреса: ул. Партизански Одреди бр. 155, Скопје, Република Северна Македонија
Е-маил: [email protected]
Тел. бр.: +389 77 791 284
За одредени активности за обработка, Имаш Чоек дејствува во својство на Обработувач на компании (на пример, хостинг и управување со профили на кандидати и CV апликации на платформата). Откако компанијата ги презема, извезува ("export") или на друг начин ги прибавува личните податоци на Корисникот од Платформата, кои се слободно дадени од страна на Корисникот во форма на апликација и/или CV, компанијата станува независен Контролор. Во такви случаи, Компанијата е единствено одговорна за усогласување на нејзиното работење со Законот за заштита на личните податоци и други важечки закони.
Лични податоци кои се обработуваат
imashchoek.mk, во својство на Контролор, ги собира и обработува личните податоци кои се потребни единствено за создавање и одржување на профилот на Корисникот, како и податоците кои се потребни за давање на услуги за поврзување на корисници со професионалци, објавување огласи за вработување и нивно аплицирање. Таквите податоци се следните:
i. Основни информации за профилот – име, презиме, email адреса, телефонски број, град и тип на профил (корисник, професионалец, компанија).
ii. Профилни податоци на професионалци – профилна фотографија, опис на услуги, портфолио, работно искуство и категорија на услуги.
iii. Професионални вештини – листа на вештини избрани од страна на корисникот од опциите предложени од платформата.
iv. Curriculum Vitae (CV) – документ прикачен од страна на Корисникот при аплицирање на оглас за работа, кој ги содржи информациите кои корисникот избира да ги открие, како што се квалификации, работно искуство, референци и сертификати.
v. Компаниски податоци – име на компанија, лого, опис, локација, контакт информации и огласи за работа.
vi. Комуникација и интеракции – рецензии, оценки, апликации за работа, барања за услуги и друга комуникација остварена преку платформата.
vii. Податоци за плаќање – информации за трансакции поврзани со регистрација на професионалци и компаниски пакети. Платежните податоци (број на картичка и слично) се обработуваат исклучиво од нашиот платежен процесор и не се чуваат на нашите сервери.
Покрај тоа, платформата може автоматски да собира технички податоци поврзани со нејзината употреба, како што се IP адреса, тип на прелистувач и уред кој се користи, со цел одржување и подобрување на услугите.
Собирањето и обработката на таквите податоци е строго ограничено на она што е потребно за обезбедување на услугите на платформата и за постигнување на целите утврдени во оваа Политика.
Цели на обработка и правна основа
imashchoek.mk ги обработува личните податоци исклучиво за законски цели и во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, и тоа како што следи:
i. Креирање и управување со профили – со цел да се регистрираат Корисниците на Платформата, да се одржува профилот на Корисникот и да се овозможи пристап до услугите на Платформата во согласност со Условите за користење (Член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци – Извршување на договор).
ii. Поврзување на корисници со професионалци – се овозможува корисниците да пронајдат и контактираат професионалци за различни услуги, и професионалците да примаат барања за услуги (Член 10 став 1 алинеја 2 – Извршување на договор).
iii. Аплицирање на огласи за вработување – се овозможува Корисниците да аплицираат на огласи за вработување објавени од Компаниите, кои од своја страна ги прегледуваат и управуваат со апликациите (Член 10 став 1 алинеја 2 – Извршување на договор).
iv. Работа и безбедност на платформата – извршување на оперативни процедури и одржување на Платформата со цел спречување на измами, откривање на злоупотреба, обезбедување на безбедност на системите и податоците, и спречување на неовластен пристап (Член 10 став 1 алинеја 6 – Легитимен интерес).
v. Корисничка поддршка – одговарање на прашања, техничка поддршка и комуникација со корисниците (Член 10 став 1 алинеја 6 – Легитимен интерес).
vi. Маркетинг и промоции – обработка на лични податоци за маркетинг и промотивни цели (билтени, известувања за нови услуги и промотивни понуди) врз основа на претходна согласност. Сите маркетинг активности се опционални и корисниците можат да ги повлечат по нивна дискреција. Повлекувањето нема да влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето (Член 10 став 1 алинеја 1 – Согласност).
vii. Аналитика – анализа на шемите на користење, подобрување на функционалноста на платформата и развивање на нови функции, преку употреба на анонимизација на податоци и/или техники за псевдонимизација каде што е можно (Член 10 став 1 алинеја 6 – Легитимен интерес).
viii. Усогласеност – усогласеност со обврските според Законот за заштита на личните податоци и важечкото право на Република Северна Македонија, одговарање на законити барања од надлежни институции, и водење евиденција како што е пропишано со закон (Член 10 став 1 алинеја 3 – Законска обврска).
ix. Решавање на спорови – спроведување на Условите за користење на Платформата и заштита на правните интереси на Имаш Чоек (Член 10 став 1 алинеја 6 – Легитимен интерес).
x. ВИ – Помош при поврзување и рангирање – Псевдонимизираните лични податоци од CV на корисникот може да се обработат преку безбедна API конекција до провајдер на ВИ услуга за да им помогнат на Компаниите во рангирањето на кандидатите врз основа на критериумите на огласот. ВИ услугата не донесува никаква обврзувачка одлука. Сите одлуки се донесуваат од страна на Компаниите (Член 10 став 1 алинеја 2 – Извршување на договор).
Со создавање на профил на нашата платформа и со согласување со Условите за користење, Вие, Корисникот, склучувате договор со Имаш Чоек. Обработката на лични податоци потребна за обезбедување на услугите според Условите за користење се вршат врз основа на извршување на договор (Член 10 став 1 алинеја 2).
Одредени активности на обработка се извршуваат единствено со Ваша согласност, како што се маркетинг и промоции. Согласноста е дадена доброволно и Корисникот го задржува правото да ја повлече во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката извршена пред нејзиното повлекување.
Компаниите како независни контролори
Откако Компаниите ќе ги преземат, извезат ("export"), копираат или на друг начин прибават личните податоци на Корисникот, дали преку разгледување на профилот на Платформата, преку симнување на CV, преку добивање на апликации за вработување, таа Компанија станува независен Контролор на личните податоци.
Имаш Чоек не врши надзор, контрола, ниту пак влијае врз начинот на кој Компаниите ги обработуваат личните податоци кои ги прибавиле. Имаш Чоек не одговара за какво било дејствие или пропуст на Компаниите во својство на независни Контролори.
Приматели на лични податоци
Имаш Чоек ги споделува личните податоци само со приматели кои имаат легитимна потреба да ги добијат за целите опишани во оваа Политика. Овие приматели вклучуваат:
i. Компании – Кога корисниците аплицираат на огласи за вработување или кога профилите на професионалците се видливи за потенцијални клиенти.
ii. Даватели на услуги – Трети лица – добавувачи ангажирани од Имаш Чоек кои обезбедуваат услуги на хостинг, ИТ поддршка, анализи, комуникациски алатки, обработка на плаќања и други оперативни услуги. Овие приматели се обврзани со договорни обврски за заштита на личните податоци и обработка само по насоки на Имаш Чоек.
iii. Јавни власти – онаму каде што тоа претставува законска обврска како одговор на законито барање, или за заштита на правата на Имаш Чоек.
iv. Професионални советници – Правни, сметководствени или други професионални советници кои ги поддржуваат операциите на Имаш Чоек и кои се обврзани со обврски за доверливост.
Чување и периоди на складирање на личните податоци
Имаш Чоек ги задржува личните податоци онолку долго колку што е потребно за да се исполнат целите за кои се собрани, или согласно законските обврски.
CV и други лични податоци доставени од страна на Корисниците се чуваат во базата на податоци на imashchoek.mk сè додека профилот на Корисникот е активен или додека Корисникот не го искористи своето право да побара бришење на податоците.
Корисниците имаат право во секое време да:
- Ги ажурираат своите податоци
- Отстрануваат нивното CV и други лични податоци од базата
- Ја повлечат нивната согласност за понатамошна обработка
По добивањето на барање за бришење, imashchoek.mk ќе ги преземе сите потребни мерки за бришење на CV и поврзаните податоци од базата, освен во случаите кога нивното задржување е законски потребно.
Права на субјектите на лични податоци
imashchoek.mk гарантира целосно почитување на правата на субјектите на податоци, во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци. Корисниците на платформата ги уживаат следниве права:
i. Право на информираност – Корисниците имаат право да бидат јасно и разбирливо информирани за собирањето, користењето, чувањето и обработката на нивните лични податоци.
ii. Право на пристап – Корисниците имаат право да добијат, во јасна, транспарентна и лесно достапна форма, информации во врска со обработката на нивните лични податоци, вклучувајќи ги целите, категориите на податоци, примателите, периодите на задржување и правата кои ги имаат.
iii. Право на исправка – Корисниците имаат право да побараат исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци.
iv. Право да се биде заборавен – Корисниците имаат право да побараат бришење на личните податоци, без непотребно одложување, во случаите кога се применува член 21 од Законот за заштита на личните податоци, вклучувајќи кога личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани, или кога согласноста е повлечена.
v. Право на ограничување на обработката – Корисниците имаат право да побараат ограничување на обработката во специфични околности, вклучувајќи случаи кога ја оспоруваат точноста на податоците, во согласност со член 22 од Законот за заштита на личните податоци.
vi. Право на преносливост на податоците – Корисниците имаат право да ги добијат своите лични податоци во структуриран, често користен и машински читлив формат, и да ги пренесат на друг Контролор.
vii. Право на повлекување на согласност – Корисниците имаат право, во случаи кога обработката се базира на согласност, да ја повлечат во секое време, без да влијае на законитоста на обработката извршена пред повлекувањето.
viii. Право на поплака – Корисниците имаат право на поплака пред Надзорниот орган доколку веруваат дека нивните податоци биле обработени спротивно на закон.
Надзорен орган:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Адреса: бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000 Скопје
Интернет страница: https://azlp.mk
Контакт: [email protected]
Барањето за остварување на кое било од горенаведените права може да се поднесе во писмена форма до [email protected] или на регистрираната адреса на Имаш Чоек. Ќе одговориме на таквото барање без непотребно одложување.
Безбедносни мерки, приватност по дизајн и ограничување на одговорноста
1. Безбедносни мерки
Имаш Чоек спроведува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење, злоупотреба или уништување. Овие мерки вклучуваат, но не се ограничени на:
- Енкрипција на лични податоци во транзит (TLS/SSL) и во мирување
- Контрола на пристап базирана на улоги за овластен персонал
- Мрежни безбедносни контроли, вклучувајќи огнени ѕидови и системи за откривање на упади
- Редовно скенирање на ранливости и безбедносни ревизии
- Обука на персоналот за заштита на податоци
- Процедури за реагирање на инциденти
2. Приватност по дизајн
Во согласност со член 29 од Законот за заштита на личните податоци, Имаш Чоек ги применува принципите на приватност по дизајн за сите активности за обработка. Ова значи:
- Интегрирање на стандарди за заштита на податоци во дизајнот и развојот на платформата од самиот почеток
- Ограничување на собирањето на лични податоци само на она што е потребно за наведените цели
- Обезбедување дека само потребни лични податоци за секоја специфична цел се обработуваат
- Преглед и ажурирање на безбедносните контроли на редовна основа
3. Ограничување на одговорноста
Иако Имаш Чоек ги презема сите разумни мерки за заштита на личните податоци, Корисникот признава дека ниту еден систем не може да гарантира апсолутна заштита. Поради овие причини:
- Имаш Чоек нема да биде одговорен за загуба, штета или неовластена обработка на лични податоци што произлегува од настан надвор од неговата разумна контрола, вклучувајќи настани на виша сила или акти на трети лица
- Имаш Чоек не е одговорен за обработка на лични податоци од страна на компаниите кои дејствуваат како независни контролори
- Имаш Чоек нема да биде одговорен за индиректни штети, последични штети, загуба на профит или загуба на податоци кои произлегуваат од употребата на платформата
Ништо во оваа Политика не ја исклучува или ограничува одговорноста на Имаш Чоек за виновно штетно дејствие, небрежност или каква било друга одговорност која не може да биде исклучена или ограничена според важечкиот закон.
Употреба на колачиња и слични технологии
imashchoek.mk користи колачиња и слични технологии за да обезбеди техничко работење на веб-страницата, да го подобри корисничкото искуство и да ја анализира употребата на услугите.
Функционалните колачиња се од суштинско значење за основната работа на веб-сајтот и не можат да бидат оневозможени.
Колачињата за перформанси и аналитика се користат за мерење на сообраќајот и разбирање на тоа како се користи платформата. Платформата користи и колачиња кои ги чуваат изборите и поставувањата на корисниците за поперсонализирано искуство.
Корисниците се информирани за употребата на колачиња и имаат право да ја прифатат или одбијат употребата на ненеопходни колачиња. Изборот на корисникот се зачувува и може да се промени во секое време преку поставките на прелистувачот.
Употреба на вештачка интелигенција (ВИ)
Имаш Чоек користи вештачка интелигенција (ВИ) и технологии за машинско учење за обезбедување и подобрување на услугите на платформата на следниов начин:
i. За Корисниците: ВИ алатките може да препорачаат професионалци кои одговараат на барањата на корисникот, или да помогнат при проверка на усогласеност на кандидатот со критериумите од објавен оглас за работа.
ii. За Компаниите: ВИ алатките можат да помогнат во сортирање и рангирање на CV на кандидатите врз основа на критериумите обезбедени од Компанијата, давајќи резултат на исполнетост во процентуален износ со податоци за во кој дел постои исполнетост.
Со цел да се извршат овие функции, Имаш Чоек псевдонимизира одредени лични податоци од CV на Корисникот и ги пренесува до трето лице – провајдер на ВИ услуги преку безбедно API. ВИ услугите ги обработуваат псевдонимизираните податоци за да генерираат рангирање или препорака која се враќа на Платформата.
Овие алатки со помош на ВИ на никаков начин не произведуваат правен или друг значаен ефект врз субјектите на податоци без човечки преглед. Конечните одлуки во врска со апликациите за работа и ангажирање на професионалци секогаш се донесуваат од страна на Компанијата или Корисникот.
Имаш Чоек обезбедува соработка единствено со трети страни – провајдери на ВИ услуги кои се обврзани со договорни обврски да ги обработуваат податоците безбедно, само за одредени цели и во согласност со важечкиот закон.
Пренос на податоци надвор од Македонија
Личните податоци собрани од imashchoek.mk може да се чуваат или обработуваат на сервери лоцирани надвор од територијата на Република Северна Македонија, ако тоа е потребно за техничкото работење на платформата. Во такви случаи, imashchoek.mk обезбедува дека секој пренос на податоци се врши само на ентитети кои обезбедуваат соодветно ниво на заштита, еквивалентно на стандардите пропишани во македонското законодавство.
Имаш Чоек не пренесува лични податоци во земја надвор од Република Северна Македонија или територијата на ЕУ/ЕЕЗ без обезбедување на соодветни заштитни мерки, одобрени од Надзорниот орган. Во овие случаи таквите заштитни мерки ќе бидат достапни за корисниците во писмена форма по барање.
Известување за нарушување на безбедност на личните податоци
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, Имаш Чоек без непотребно одложување и каде што е возможно во рок од 72 часа од дознавање за нарушувањето, ќе го извести Надзорниот орган, освен ако таквото нарушување веројатно нема да резултира со ризик врз правата и слободите на субјектот на личните податоци.
Во случаите кога нарушувањето може да резултира со висок ризик врз правата и слободите на субјектот, ние ќе го соопштиме нарушувањето на јасен начин, вклучувајќи:
- Контакт информации каде може да се добијат повеќе информации
- Можните последици од нарушувањето
- Мерките преземени или предложени за решавање на проблемот, вклучувајќи мерки за ублажување на негативниот ефект
Измени на политиката
imashchoek.mk може да ја ажурира оваа Политика за приватност и заштита на личните податоци од време на време, за да ги одрази промените во законодавството, технолошкиот развој или работата на платформата.
Во случај на значителни промени, корисниците ќе бидат известени преку објавување на ажурираната верзија на официјалната веб-страница и, каде што е потребно, преку директна комуникација (е-маил или известување во платформата).
Континуираната употреба на платформата по стапувањето во сила на таквите промени ќе се смета за прифаќање на ажурираната Политика.
Стапување во сила
Оваа политика за приватност стапува на сила на денот на нејзиното објавување на официјалната веб-страница на imashchoek.mk и се однесува на сите лични податоци собрани и зачувани од страна на платформата.
Оваа Политика ги заменува сите претходни верзии на политиката. Корисниците се сметаат за информирани за оваа политика од датумот на нејзиното објавување. Континуираната употреба на услугите по овој датум подразбира нивна согласност со содржината.
Контакт
За прашања поврзани со оваа политика или за остварување на вашите права, контактирајте не на:
Последна измена: 1 март, 2025