Venera's

Venera's

Скопје

За компанијата

ВЕНЕРАС ВО МАКЕДОНИЈА претставува регистрирано правно лице кое врши професионални консултантски услуги во областа на визното советување, административната поддршка и подготовката на документација за потребите на физички лица заинтересирани за аплицирање за визи кон државите членки на Европската Унија.

Во рамки на своето деловно работење, компанијата обезбедува стручна и техничка помош при правилно комплетирање на потребната документација, уредно пополнување на апликациски формулари, организација на процесната документација, како и советодавни насоки со цел зголемување на подготвеноста на клиентите во постапките пред надлежните институции.

 

Нашето мото

Дозволете професионалци да се погрижат за успехот што отсекогаш сте го посакувале.
САМО НАЈДОБРОТО Е ДОВОЛНО!

Компанијата е основана во јули 2014 година од страна на Емран Кемаловски, како резултат на визија за воспоставување современ и функционален систем на деловни услуги усогласен со европските стандарди на професионалност, правна сигурност и организациска ефикасност.

Основачот поседува значајно меѓународно искуство стекнато преку ангажман во менаџмент структури на реномиран светски бренд во Сојузна Република Германија, каде функционирал во деловен амбиент со високи корпоративни стандарди, прецизни процедури и динамичен систем на управување. Стекнатото знаење и практично искуство се имплементирани во развојот на компанијата како стабилен и доверлив деловен субјект во Република Северна Македонија.

Нашата мисија е преку законито, одговорно и професионално постапување да обезбедиме квалитетни консултантски услуги за сите лица кои имаат потреба од административна и советодавна поддршка при меѓународни постапки. Се стремиме кон создавање реални можности за личен и професионален напредок на клиентите, преку точност, транспарентност и високо ниво на услуга

Нашата визија е континуирано да се развиваме како препознатлив и доверлив носител на консултантски услуги во регионот, заснован врз принципите на законитост, стручност, интегритет и современи деловни стандарди. Целта е воспоставување долгорочна доверба со клиентите и постојано унапредување на квалитетот на услугите согласно европските практики.

Главните вредности што ја движат компанијата се дисциплината, одговорноста, посветеноста и почитувањето на преземените обврски. Довербата на клиентите претставува највисок капитал на компанијата, а нивната правна сигурност, навремена услуга и професионален третман остануваат наш врвен приоритет.



2

Вкупно огласи

2

Активни

Активни огласи

Административен асистент – експозитура Скопје

Скопјеfull-time
22.06.2026 · 8д

Административен асистент – експозитура Штип

Штипfull-time
22.06.2026 · 8д

Контакт информации

Локација

Скопје